Изнајмуваме модерен стан 95м2 во Хром


Стан

Изнајмуваме нов, целосно уреден трособен стан од 95 м2 сместен во мала новоизградена станбена зграда, на четврти кат . Зградата е лоцирана во мирна урбана зона на почетокот на населба Хром, со комотен пристап од две улици. Изградена е според највисоките архитектонско-градежни стандарди, со посебен акцент на светлите површини и термичката и звучна изолација, овозможувајќи максимална енергетска ефикасност и ниски месечни трошоци. Ентериерот е дизајниран според целосен архитектонски концепт во кој доминираат едноставни форми и светли бои. Внатрешниот простор се состои од влезен ходник кој дискретно го одвојува интимниот простор – двете спални соби и два тоалета на станот од дневниот боравок, т.е отворениот и простран дневен салон со кујна и трпезарија, од кој директно се излегува на терасата од 14м2. Станот е со ориентација исток-југ- запад. Дневниот салон е изложен на природна светлина преку целиот ден овозможувајќи преубав поглед кон Водно. Греењето и климатизацијата се со инвертер уред. Зградата има лифт. Станот располага со сопствен паркинг простор. Месечната закупнина изнесува 550 евра. Контакт = 075228550, Јован

Број на соби: 3,5 Адреса: населба ХРОМ Површина: 95 m2
Локација:Карпош, Скопjе
This equipment has no review yet!
Најави се
Цена

550.00

0.00€/Ден 0.00€/Недела 550.00€/Месец

Минимум Дена за Резервирање: 365

Максимум Дена за Резервирање: 365

Количина: 1

Contact: 075228550

Location: Shkup - Скопје